Москва: САД и Британија му помогнаа на Киев во нападот на Севастопол

Од:

Неодамнешниот напад на Киев врз Севастопол е извршен во тесна координација со американски и британски експерти, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„На 22 септември Севастопол повторно беше нападнат и нема сомнеж дека нападот бил планиран порано со помош на западното разузнавање, сателитска опрема на НАТО и разузнавачки авиони и дека бил извршен во тесна координација со американските и британските специјални служби“, рече Захарова на редовниот брифинг со новинарите.

Киев минатиот петок изврши ракетен напад врз Севастопол.

Системите за противвоздушна одбрана соборија пет проектили. Историската зграда на штабот на Црноморската флота била оштетена во ракетниот напад, а еден војник исчезна, соопшти Министерството за одбрана. Делот од соборената ракета што падна во центарот на градот е отстранет со мерки на претпазливост и уништен на полигонот.

Би можело да ве интересира

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија

Русија не го прифаќа примирјето што го договорија САД и Украина

Катерина Ѓуровски