Москва: Русија има право да размести нуклеарно оружје на Крим

Од:

Русија има право во случај на потреба да размести нуклеарно оружје на сопствена територија, вклучувајќи го и Крим, изјави денеска директор на оддел во руското МНР за неширење и контрола на оружје.

– Русија несомнено има право да размести доколку биде потребно, свое нуклеарно оружје на која било локација на својата национална територија, вклучувајќи го и полуостровот Крим, изјави Михаил Уљанов.

Украинската страна смета дека евентуално поставување нуклеарно оружје на Крим ќе биде кршење на меѓународно норми.

Крим и градот Севастопољ се присоединија кон Русија по референдум во март 2014 година.

Министерството за одбрана на Русија наведуваше дека е можно на Крим да се префрлат десет носачи на ракети Ту-22М3 кои може да бидат опремени со нуклеарно оружје, но ништо не се зборуваше за разместување нуклеарни боеви глави.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он