Москва: Путин може да има средба со украинскиот претседател Зеленски

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Зборувајќи за можноста за средба меѓу Путин и Зеленски, Песков рече дека рускиот претседател не ја исклучува можноста за одржување на таков состанок, но дека верува дека секој состанок на највисоко ниво треба да биде добро подготвен за да се финализира работата што прво мора да се заврши на експертско ниво.

„Засега не можеме да кажеме дека експертската работа е во полн ек. За жал, не е“, изјави Песков за РИА Новости.

Песков истакна дека Русија останува заинтересирана и подготвена за такви преговори.

„Сите позиции на Русија за договорот се соопштени до Киев, а одредбите се доставени до украинската страна во писмена форма“, нагласи Песков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

ВИДЕО: Трамп нарече глупак новинар кој го праша до кога ќе му попушта на Путин