Москва протерува 50 британски дипломати

Од:

Русија протерува 50 британски дипломати во рамките на возвратните мерки по труењето на поранешниот руски шпион во Велика Британија.

Поради таа причина повеќе земји протераа руски дипломати.

Како што јави МИА, претходно руските власти соопштија дека ќе протераат 23 британски дипломати, сразмерно со бројот на руските дипломати кои мораа да го напуштат Лондон.

Москва, сепак одлучи да протера поголем број дипломати, со цел руската и британската дипломатска мисија да имаат ист број персонал.

Би-Би-Си јави дека, тоа практично би значело дека уште најмалку 27 британски дипломати од Русија ќе мора да се вратат во Лондон.

Британската Влада ја обвини Русија за труење со нервен агенс во Велика Британија на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Москва ги отфрли обвиненијата.

Британскиот амбасадор во Москва, Лари Бристов наведе дека неговата земја има еден месец да го намали бројот на дипломати и да го изедначи со бројот на руски дипломати во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје