Москва призна: Севернокорејците ни помогнаа да го ослободиме Курск

Од:

Севернокорејските војници учествуваа во операцијата за ослободување на регионот Курск во согласност со четвртиот член од Договорот за сеопфатно стратешко партнерство потпишан во јуни 2024 година, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Севернокорејските војници учествуваа во операцијата за ослободување на граничната област во согласност со член 4 од Договорот за сеопфатно стратешко партнерство потпишан во јуни 2024 година. Солидарноста што ја покажаа нашите севернокорејски пријатели е манифестација на високото сојузничко ниво на нашите односи. Уверени сме дека нашите односи ќе продолжат да се зајакнуваат и развиваат во иднина“, рече таа.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера објави дека Русија целосно ја ослободила Курската област. Веста за целосното заземање на Курск му ја соопштил на Путин началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов, јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Украинскиот упад во руската Курска област, кој започна на 6 август 2024 година, го претставуваше најзначајниот копнен напад на украинските редовни сили на руска територија од почетокот на инвазијата во 2022 година и прв таков упад на руска територија од Втората светска војна.

Украинските сили започнаа ненадејна офанзива, преминувајќи ја границата со поддршка на тенкови и оклопни возила и брзо напредуваа 35 километри длабоко во регионот, заземајќи околу 1.376 квадратни километри територија и повеќе од 80 населени места, вклучително и клучниот град Суџа и, последователно, Корењево.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина има нова стратегија во војната со Русија

Орбан ја уценува Европската унија, Украина е заложник

Нова програма за финансирање на Украина вредна 8,1 милијарда долари, одобри ММФ

Захарова: ЕУ треба да седне под маса за време на преговорите за Украина

А1он

Енергетската криза во Украина го уништува производството

ВИДЕО: Силни експлозии одекнуваат во Киев, Полска ги крена авионите

Предраг Петровиќ