Москва нуди датум и место за втори директни мировни преговори со Украина

Од:

Руската делегација, предводена од Владимир Медински, помошник на рускиот претседател Владимир Путин, е подготвена да го презентира рускиот меморандум на Украина за сите аспекти на надминување на основните причини за кризата во Истанбул на 2 јуни, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Руската страна, како што е договорено, навремено го изготви соодветниот меморандум, во кој се утврдува нашата позиција за сите аспекти на сигурно надминување на основните причини за кризата. Нашата делегација, предводена од Владимир Медински, е подготвена да го презентира овој меморандум на украинската делегација и да ги даде потребните објаснувања за време на втората рунда од продолжените директни преговори во Истанбул следниот понеделник, 2 јуни“, рече тој, пренесе ТАСС.

Лавров, исто така, изрази благодарност до турските партнери за обезбедувањето гостопримлива турска платформа, што, како што рече, го потврди и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан за време на неговата посета на Москва вчера.

„Се надеваме дека сите оние кои се искрено, а не само со зборови, заинтересирани за успехот на мировниот процес, ќе поддржат одржување на нова рунда директни руско-украински преговори во Истанбул“, нагласи Лавров.

Директни преговори меѓу делегациите на Русија и Украина се одржаа во Истанбул на 16 мај, за прв пат од 2022 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мало дете падна од 8- ми кат: Стравична снимка кружи на мрежите

Предраг Петровиќ

Вeнс: Завршувањето на војната во Украина е потешко отколку што мислеше Трамп

Украинците сè повеќе не му веруваат на својот претседател

Путин: Русија и Белорусија ќе ги користат сите расположливи средства за да обезбедат воена безбедност

А1он

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог