Москва ја осуди одлуката на САД да остави војска во Сирија

Од:

Руското Министерство за одбрана денеска експресно ја искоментира изјавата на првиот човек на Пентагон, Марк Еспер, во однос на задржувањето на дел од американските сили во источна Сирија, за кои се претпоставува дека ќе ги штитат нафтените наоѓалишта во регионот напади на припадници на Исламска држава, пренесе „Русија Тудеј“.

Според забелешката на генерал-мајор Игор Конашенков, официјален претставник на руското министерство, сите нафтени наоѓалишта и други ресурси, што се наоѓаат таму, се сопственост единствено на сириската Влада.

-Тоа што Вашингтон го прави во моментов, заземање и контрола на нафтените наоѓалишта во источна Сирија под негова вооружена контрола, најпросто кажано е меѓународен државен бандитизам, рече Конашенков.

Според него, вистинската причина за оваа активност „се крие далеку од прокламираните идеали за слобода и пароли за борба со тероризмот на Вашингтон”.

Конашенков, освен тоа, ги обвини САД дека надвор од Сирија изнесуваат шверцувана нафта и дека овој шверц го обезбедуваат преку приватни воени компании и своите военовоздухипловни сили.

Еспер, претходно денеска, изјави дека САД во Сирија ќе испратат дополнителни оклопни сили за да ги обезбедат тамошните нафтени ресурси и да ги спречат терористите од Исламска држава повторно да ја преземат контролата врз нив.

Кремљ претходно, пак, подвлече дека сите странски војници, кои незаконски се распоредени во Сирија, треба да ја напуштат земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина