Москва: ИД се кријат во џамии и користат луѓе како жив штит

Од:

Припадници на Исламска држава се кријат во џамии, а локални жители користат како жив штит бидејќи знаат дека руски борбени авиони не би пукале врз цивилни области, соопштија од руското МО.

– Припадници на ИД се кријат во џамии, а свои возила паркираат околу нив. Тие знаат дека почитуваме џамии и никогаш не би нападнале цивилни области, изјави Анатолиј Антонов, заменик министер за одбрана. Тој додаде дека руската армија внимателно проверува разузнавачки податоци пред да изврши напади.

– Стотина пати проверуваме разузнавачки податоци, и извршуваме удари откако целосно ќе бидеме сигурни, изјави Антонов.

– Денес имаме податоци дека терористи се кријат во џамии. Имаме и видео податоци дека терористи ја кријат својата техника околу џамии, наведе тој синоќа по средбата со воени аташеа од неколку држави.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала