Москва и Пекинг постигнаа договор, за десет години ќе изградат нуклеарна централа на Месечината

Од:

Кина и Русија потпишаа меморандум за соработка за изградба на автоматизирана нуклеарна централа на Месечината до 2035 година. Руската вселенска агенција Роскосмос и Кинеската национална вселенска администрација (CNSA) потпишаа документ претходно овој месец, а електраната треба да биде дел од предложената Меѓународна лунарна истражувачка станица (ILRS), пишува NDTV.

„Станицата ќе спроведува фундаментални вселенски истражувања и ќе тестира технологија за долгорочно беспилотно работење на ILRS, со можност за идно човечко присуство на Месечината“, објави Роскосмос на 8 мај, по потпишувањето на меморандумот.

ILRS првпат беше најавен во 2017 година, а проектот се вклучени и Венецуела, Белорусија, Азербејџан, Јужна Африка, Египет, Никарагва, Тајланд, Србија, Пакистан, Сенегал и Казахстан.

Како што пишува NDTV, се очекува ILRS да биде лоциран во рамките на 100 километри од јужниот пол на Месечината и да овозможи долгорочни автономни операции и краткорочни човечки мисии.

„Станицата ќе спроведува фундаментални вселенски истражувања и ќе тестира технологија за долгорочно беспилотно работење на ILRS, со можност за идно човечко присуство на Месечината“, се вели во соопштението на Роскосмос.

Јуриј Борисов, шефот на Роскосмос, минатата година изјави дека, покрај кинеско-рускиот реактор, во развој е и товарен вселенски брод на нуклеарен погон. Тој додаде дека сите технички проблеми поврзани со проектот се решени, освен наоѓањето решение за ладење на нуклеарниот реактор.

„Всушност работиме на вселенски влечен брод. Таа огромна, циклопска структура, благодарение на нуклеарниот реактор и исклучително моќните турбини, ќе може да транспортира големи товари од една орбита во друга, да собира вселенски отпад и да има бројни други примени“, рече Борисов.

Соопштението доаѓа откако НАСА го објави својот предлог за буџет за 2026 година, со кој ќе се откажат плановите на агенцијата за изградба на орбитална лунарна база, наречена Гејтвеј, чие лансирање беше закажано за 2027 година.

Системот за вселенско лансирање (SLS) на НАСА, џиновска ракета изградена од „Боинг“ и „Нортроп Груман“ за програмата „Артемис“, исто така може да биде откажан по својата трета мисија.

Би можело да ве интересира

Си Џинпинг пристигна во Москва

А1он

Повеќе од 9.000 војници, 70 авиони, оркестар од 1.100 музичари – Парадата на победата во Москва ќе чини околу 6,3 милиони долари

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Москва, има мртви и ранети

Рихтер: Словачкиот премиер Фрицо е во добра форма, посетата на Москва не е откажана

(ВИДЕО) Источна Европа е погодена од снежна бура, снежно невреме во Москва

Горан Наумовски

Русите тврдат: Марко Рубио доаѓа на прославата на Денот на победата