Блумберг: Москва има стратегија, Киев само план за преживување

Од:

Западните сојузници на Киев, за разлика од Русија, сè уште немаат јасен план за победа во конфликтот во Украина, објавува Блумберг во својата анализа.

Како што истакнува, Москва има добро развиена стратегија за постигнување на својата воена цел, додека Киев има само план за „преживување“. Прашањето што останува отворено, пишува авторот, е дали западните држави – САД и Европската Унија – воопшто имаат план за акција.

„Краткиот одговор е не, или барем сè уште не“, се наведува во текстот.

Блумберг истакнува дека токму слабата политичка волја на Западот стана една од најранливите точки во поддршката на Украина. Неодлучноста и јавниот замор во западните престолнини, додава, сè повеќе ја загрозуваат можноста за продолжување на воената и финансиската помош, што би можело да влијае и на исходот од непријателствата.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека воведувањето нови санкции врз Русија и испораката на ракети Томахавк со долг дострел би можеле да ја принудат Москва да прифати мировни услови. Осврнувајќи се на потезите на американскиот претседател Доналд Трамп, Зеленски оцени дека притисокот „ќе постои“, но дека рускиот претседател Владимир Путин нема да прави отстапки сè додека Вашингтон не го зголеми притисокот.

Би можело да ве интересира

Макрон ги осудува новите руски напади врз Киев, најавува зголемен притисок врз Москва

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Москва, најмалку тројца мртви

ВИДЕО: Пожар во катедрала на Црвениот плоштад во Москва

Русите уништија американска фабрика за дронови во Киев

Подубни: Киев ја плаќа цената на присилната мобилизација

Горан Наумовски

Европа останува без пари за Киев