Москва: Хистеријата достигна кулминација

Од:

„Балансиран и професионален“ – вака го оцени денешниот телефонски разговор меѓу Путин и Бајден помошникот на рускиот претседател, Јури Ушаков. Но, посчува дека САД и НАТО и натаму ги игнорираат главните руски безбедносни барања.

„Разговорот се одвиваше во амтосферата на хистерија која ја креираат американските функционери. Притисокот на тема инвазија е изведен координирано, хистеријата достигна кулминација“ – вели Ушаков.

Тој додаде дека САД и сојузниците и натаму и испраќаат оружје на Украина и ги охрабруваат украинските сили на провокации во Донбас и на полуостровот Крим.

Путин и Бајден поладнево разговараа телефонски околу еден час за украинската криза. Претходно, рускиот претседател имаше подолг разговор и со претседателот на Франција, Емануал Макрон.

Би можело да ве интересира

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати