Москва бара објаснувања од Берн и Хаг за обвинувањата за „руска шпионажа“

Од:

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека денеска го повикало на разговор амбасадорот на Швајцарија во Москва, Иво Росие, во врска со швајцарските обвинувања за наводна шпионажа од страна на Русија.

Реакцијата на руското Министерство следува откако швајцарските власти вчера побараа „Русија да ги запре своите шпионски активности на територијата на Швајцарија“.

Швајцарското барање уследи по обелоденувањето на два сомнителни случаи поврзани со шпионажа.

Руското Министерство соопшти и дека претходно денеска на разговор била повикана и холандската амбасадорка во Русија, Рене Јонес-Бос, поради „континуираната антируска кампања во Холандија, што се манифестира преку обвинувања за шпионажа“.

– Министерство за надворешни работи ја повика амбасадорката на Холандија во врска со континираната кампања чија цел е разгорување на шпионската треска, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата