Москва: Атентатот врз врховниот лидер на земјата би ја отворил Пандорината кутија

Од:

Промената на режимот во Иран е „неприфатлива“ и атентатот врз врховниот лидер на земјата „би ја отворил Пандорината кутија“, соопшти Кремљ.

Во ретко интервју за странски медиум, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за „Скај њуз“ изјави дека Русија би реагирала „многу негативно“ доколку ајатолахот Али Хамнеи биде убиен.

Коментарите доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп објави дека во рок од две недели ќе одлучи дали САД ќе се приклучат на израелската воена кампања против Техеран, откако претходно шпекулираше на социјалните мрежи за можноста за атентат врз иранскиот лидер.

„Ситуацијата е исклучително напната и опасна не само за регионот, туку и за глобално ниво“, рече Песков во интервју во Константиновскиот дворец во Санкт Петербург.

Ова се најсилните изјави од Кремљ досега во врска со израелско-иранскиот конфликт, што предизвикува стравувања во Москва дека Русија би можела да го изгуби својот најблизок сојузник на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација