Московиси: Италијанската Влада е евроскептична и ксенофобична

Од:

Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси денеска ја оквалификува италијанската Влада како евроскптична и ксенофобична и ја обвини дека се обидува да го избегне исполнувањето на своите европски обврски.

– Италијанците направија избор во корист на една категорично евроскептична и ксенофобична Влада, која се обидува да ги избегне европските обврски поврзани со миграциските и буџетските прашања, изјави Московиси во обраќање на собир на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Париз.

Московиси уште минатата недела оцени дека Италија претставува „проблем за Еврозоната“, оценувајќи дека предлог-буџетот на италијанската Влада за следната година излегува од правилата на ЕУ, кои важат за сите.

Предлог-буџетот на новата италијанска Влада предвидува дефицит од 2,4 отсто за следните три години, иако со правилата на Еврозоната тој е ограничен на два проценти.

Последната изјава на Москвоси се надоврза на серијата препукување меѓу Рим и Брисел од последниве неколку дена.

Во понеделникот претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер направи споредба меѓу состојбите во Италија и Грција, оценувајќи дека сега откако се справи со „тешката грчка криза“, ЕУ не сака да се предизвика „нова грчка криза, овој пат во Италија“.

На изјавата на Јункер вчера реагираше италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини, кој изјави дека ќе разговара „само со трезни лица, кои не прават несоодветни споредби“.

Актуелната италијанска Влада ја сочинуваат антиинституционалнато популистичко Движење 5 Ѕвезди (М5С) и антимигрантската десничарска партија Лига на Салвини. 

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

СДСМ: Владата итно да обезбеди целосна рамноправност меѓу вработените во јавниот сектор

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

ВИДЕО: За Владата протестите на УПОЗ се незаконски и политички мотивирани

Катерина Ѓуровски

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он