Московичи: ЕУ со Велика Британија ќе се однесува пријателски и одлучно

Од:

Европската унија ќе се однесува пријателски и одлучно со Велика Британија на преговорите за Брегзит, кои почнуваат утре, изјави еврокомесарот за економија и финансии Пјер Московичи.

– Во однос на прашањето за Брекзита нема да бидеме ниту тврди, ниту меки, туку пријателски и решителни, изјави Московичи за францускиот неделник „Журнал ду диманш“.

– Сите сценарија се на масата, вклучувајќи го и тоа да не биде постигнат договор на 29 март 2019 година. Но тоа не е опцијата, која ја преферираме, истакна еврокомесарот.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле дадоа слични изјави оваа недела.

Тие нагласија дека вратата за останување во ЕУ останува отворена за Велика Британија се додека не завршат преговорите за излегување.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он