Моше Лион избран за градоначалник на Ерусалим

Од:

Долгогодишниот политички активист Моше Лион беше избран за градоначалник на Ерусалим, што претставува победа на ултраортодоксните еврејски жители на градот.

Лион, кој е поддржан од голем дел на израелското раководство, утрово објави победа над својот ривал Офер Беркович, по многу контроверзна трка меѓу двајцата кандидати. Според речиси комплетните резултати по вчерашниот круг од изборите, Лион доби скоро 52 отсто од гласовите.

Лион ужива поддршка од главните ултраортодоксни фракции и нивните претставници во Владата, како и министерот за одбрана Авигдор Либерман и влијателни личности во владејачката партија Ликуд.

Триесетипетгодишниот Беркович е светски активист, кој почна прогресивна програма против религиозните тврдокорни лица.

Хетерогената популација во Ерусалим е составена речиси подеднакво од палестинските Арапи, ултраортодоксните Евреи и останатиот дел од еврејски жители, како секуларно настроени така и религиозни.

Градоначалникот нема посебно влијание врз политиката и дипломатијата на Блискиот Исток, но има силно присуство како на национален, така и на меѓународен план.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел