Моравјецки: Милиони мигранти ќе дојдат во ЕУ доколку заштитата остане слаба

Од:

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека милиони мигранти ќе влезат во Европа доколку политиката за заштита на границите остане слаба како што беше досега.

Тој исто така рече дека, со оглед на развојот на настаните на полско-белоруската граница, не ја исклучува опасноста од војна.

– Ако не успееме да спречиме влез на илјадници мигранти сега, наскоро ќе има илјадници и милиони од нив кои ќе се упатат кон Европа, изјави Моравјецки за германски „Билд“.

– Доколку решително не ги браниме и заштитиме границите во Европа, стотици милиони луѓе од Африка и Блискиот Исток ќе се обидат да дојдат во Европа, а особено во Германија, додаде тој.

Моравјецки рече дека е задоволен од поддршката што ја има од Германија и другите членки на НАТО.

Во моментов се очекува заедничка изјава на Полска, Литванија и Летонија.

Моравјецки додава и дека следен чекор би можело да биде активирање на членот 4 од договорот за НАТО, кој се однесува на нарушување на суверенитетот на териториите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо