Амбасадорот на Венецуела во ОН, Самуел Монкада, ги обвини САД дека ги вооружуваат венецуелските дезертери за формирање т.н. ослободителна армија за да ја нападнат земјата, пренесува „Спутник“.
„Тие ја вооружуваат т.н. Венецуелска ослободителна армија за да продрат на венецуелска територија со дезертери”, рече вчера Монкада.
Тој додаде дека САД ги „пумпаат“ податоците според кои има илјадници венецуелски дезертери, бидејќифабрикуваат сопствена армија слична на армијата на Контрашите, поддржани од САД, кои се бореа против владата на Сандинистите во никарагванската револуција во 1980-тите.
„Овие напори се дел од американските планови за тајна операција против Венецуела“, продолжи Монкада, нагласувајќи дека Венецуела го смета ставот на Трамп за „сите опции на маса” како закана за користење воена сила за соборување на владата на претседателот Николас Мадуро.
Претходно истиот ден Советот за безбедност на ОН одржа гласање за натпреварувачки нацрт-резолуции за Венецуела предложени од САД и од Русија. Двете резолуции не беа усвоени.