„Монд“: САД имаат се повеќе шанси да го вратат Сноуден

Од:

САД имаат се поголеми шанси да си го „приберат“ Едвард Сноуден, посочува весникот „Монд“.

Поранешниот консултант на Агенцијата за национална безбедност, кој прошири тајни информации, веќе 10 дена се наоѓа во транзитната зона на ародромот „Шереметјево“ во Москва.

Тој од 21 земја побара политички азил, но одбивањата почнаа да мусе враќаат. Самиот Сноуден се откажа од своето барање за азил во Русија, откако ја дозна позицијата на Владимир Путин.

Рускиот претседател подвлече дека ако Сноуден сака да остане во Русија, тој треба да престане да открива тајни. Германијја подвлече дека ги нема неопходните услови за давање азил на Сноуден и се приклучи кон земјите кои ја одбија молбата на Американецот. Тоа го сторија и Полска, Бразил, Индија и Холандија.

Австрија, Норвешка, Финска, Италија и Шпанија потврдија дека ја добиле молбата на Сноуден, но подвлекоа дека таа не одговара на критериумите за доделување азил, навестувајќи дека на овој начин тие се на патот да ја отфрлат.

Франција, прекуминистерот за надворешни работи Лоран Фабиус, повтори дека не располага со ништо конкретно и дека ако добие молба ќе ја разгледа во согласност со законските процедури.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро подвлече дека неговата земја не добила молба од Сноуден, но дополни дека Американецот заслужава да биде заштитен од меѓународното хуманитарно право, затоа што не убил никого, тукусамо ја открил вистината.

Боливискиот претседател Ево Моралес, пак, изјави дека неговата земја е подготвена да даде политички азил на луѓе кои откриваат шпионски активности.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска