„Монд“ ќе поднесе тужба за хакирање на профилот на Твитер

Од:

Весникот „Монд“ ќе поднесе тужба поради хакирањето на неговиот профил на Твитер во текот на минатата ноќ, од страна на провразниците на сирискиот режим, јави дописникот на МИА од Париз.

Во текот на ноќта хакерската група Сириска електронска армија успеа да ја пробие заштитата на Твитер профилот на „Монд“ и да објави пораки со насловот „Јас не сум Шарли“ во кои хакерите објавуваат ставови во полза на Палестинците и Сирија, која според нив била „бомбардирана“ и тврдат дека во Африка се „умира од глад и од масакри“.

Хакерите објавиле и слика со која се осудува секое насилство и секој тероризам, но исто така и карикатурите на „Шарли Ебдо“ со кои се исмева пророкот Мухамед и кои изутринава беа објавени на веб страницата на „Монд“. Хамерите, исто така, обвинуваат за „хипокризија“ на земјите кои „маршираа во Париз за човековото достоинство и слободата на изразување, додека нивните влади убиваат, измачуваат и уриваат“.

Веднаш под објавувањето на пораката на еден од Твитер профилите на Сириската електронска армија беше преземена одговорноста за нападот.

Околу два часот „Монд“ го запре својот профил на Твитер, како единствен начин весникот да ја преземе контролата. Контролата била целосно преземена во 3:45 часот.

„Монд“ со твит им се извини на своите читатели за „лажните пораки објавени во негово име“.

Раководството на весникот најави дека ќе поднесе тужба за упадот и злонамерното управување со инфораматички систем. Како последица на нападот на кој весникот е изложен веќе неколку дена, Твитер профилот изгуби 300 000 следбеници, паѓајќи под бројката од три милиони.

Вчера „Монд“ пишуваше дека Сириската електронска армија веќе се обидела претходните дена да ја преземе контролата на Твитер профилот, но и на веб страницата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата