„Монд“: Француското разузнавање ги шпионира комуникациите на Французите

Од:

Француската служба за надворешно разузнавање ги следи телефонските разговори, електронската пошта и активноста на социјалните мрежи на Французите во Франција и во странство, објави денеска весникот „Монд“.

Разузнавачката служба ги следи сигналите од компјутерите и телефоните во Франција, а исто така меѓу Франција и други земји, но не и содржината на разговорите, при што целта е да се создаде карта, која ќе покажува кој со кого зборува. Според „Монд“, таа дејност е незаконска.

– Сите наши комуникации се шпионираат, пишува весникот, што ја базира информацијата врз неименувани разузнавачки извори и јавни коментари на службеници на разузнавањето.

– Електронската пошта, телефонските разговори, пристапот на Фејсбук и на Твитер потоа се чуваат со години, додава весникот.

„Монд“ коментира дека таа дејност е слична на дејствијата на американската Агенција за национална безбедност, кои беа обелоденети од Едуард Сноуден, кој беше нејзин вработен.

Според „Монд“, француската комисија за национална безбедност и парламентарната комисија за разузнавање ја оспориле информацијата на весникот, и соопштиле дека надворешното разузнавање дејствува согласно законот. Самата разузнавачка служба не го коментирала прашањето.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина