Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Од:

16-годишно момче е обвинето за тероризам откако нападнало христијански епископ додека тој проповедал, oдлучија обвинителите од Сиднеј.

Тинејџерот, кој не може да биде именуван од правни причини, е обвинет дека го избодел со нож епископот Мар Мари Емануел (55), додека тој во живо им проповедал на парохијаните во црквата на Христос Добриот Пастир во Вејкли во западниот дел на Сиднеј во понеделникот нешто по 19 часот.

Инцидентот предизвика немири пред црквата каде 2.000 луѓе извикуваа „око за око“ додека полицијата го држеше напаѓаќот внатре во зградата плашејќи се за неговата безбедност.

Полицијата во четвртокот вечерта откри дека тинејџерот е обвинет за тероризам.

„Попладнево иследниците на заедничкиот тим за борба против тероризмот во Сиднеј присуствуваа на медицинската установа за да го интервјуираат момчето, пред да биде обвинет за терористички акт според член 101.1 од Законот за кривично право од 1995 година, дело кое предвидува максимална затворска казна, известија истражните органи на Нов Јужен Велс.

На 16-годишникот му е одбиена кауцијата и утре треба да се појави на суд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

(ВИДЕО) Едно лице загина, а едeн e повреден во терористички напад во Израел

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз градот Добропилија во Доњецк

Горан Наумовски