Али Хусаин е 14-годишно дете од Индија кое боледува од тешка болест поради која забрзано старее.
Така веќе сега има тело на 100-годишник, проценуваат експертите. Тој старее осум пати побрзо од здравите луѓе.
Момчето изгубило дури 5 членови на семејството поради оваа болест. Болеста му ги зеде двајцата браќа и трите сестри. Таа предизвикува забрзано стареење, а често ја пратат и разни други болести, како и проблеми со срцето и очите.
Заболените обично не живеат многу подолго од 20 години.
– Многу сакам да живеам и се надевам дека негде постои лек за мојата состојба. Сакам да живеам подолго и поради своите родители, тешко ми паѓа помислата дека повторно ќе патат. Ова е тежок живот, особено откако ме напуштија моите браќа и сестри. Единствено што сакам е повторно да бидам во друштво на некој сличен на мене, рекол храбриот Али.
Неговите родители, Наби Хусаин Кан (50) и Разиа (46) стапиле во договорен брак пред 32 години.
Нивните деца Рехана, Икрамул, Гудија и Рубин починаа од оваа тешка болест.