Овој 25-годишен Британец, Метју Хексли ја излажа смртта дури осум пати: преживеа четири инфаркти, скршен врат, опасна MRSA бактерија, воспаление на белите дробови и рак, јавува „Дејли мејл“.
Првата несреќа се случила, кога во Ирска скокнал во море од пристаниште, но не ги приметил карпите и го скршил вратот. Тогаш воедно го добил и првиот инфаркт, бидејќи белите дробови му се наполниле со вода. Лекарите морале да го оживуваат дури 4 пати, а бил во кома речиси два месеци.
Но, неговите невољи не запреле. Во болницата „уловил“ опасна MRSA бактерика и воспаление на белите дробови. Преживеал, иако лекарите очекувале дека никогаш повеќе нема да може да оди и да зборува.
Кратко потоа, откриен му е рак на тестисите. Сепак не губи надеж и вели дека се е во ред.
– Никогаш не се чуствувам како губитник, туку мислам дека сум најсреќен човек во Британија. Никогаш не сум бил лут или тажен, треба само да се оди понатаму, вели тој.