Регнум – Москва/БТА
Молдавија го напушти Советскиот сојуз, но Советскиот сојуз така лесно не ја напушта Молдавија. Тоа го изјави молдавскиот амбасадор во Романија, Михај Грибинча, за време на конференција на Букурешкиот универзитет, посветена на 98-годишнината од романското освојување на Бесарабија.
Коменитарјчи ги случувањата за обединувањето меѓу Молдавија и Романија, дипломатот повика за „реализам, мудрост, зрелост“.
– Настаните од тие години можат да послужат како добар извор за информации и инспирација за денешните и идните поколенија. Мислам дека како што знаеме повеќе за тие случувања, поврзани со Големото обедиунување, денес можеме да дејствуваме поразумно и позрело, рече Грибинча.
Тој посочи дека анализата на ситуацијата покажува значителни разлики меѓу ситуацијата во регионот во 1918 година и сега. – Мислам дека треба да направиме јасно разграничување. Прво, денешната република не е Бесарабија од 1918, ниту од гледна точка на националниот состав, ниту пак кога се однесува на територијата и границите. Второ, Република Молдавија е многу поподелена по политичќки, административни, етнички, јазични и религиозни основи, во споредба со Бесарабија во 1918, објасни молдавскиот дипломат.
Тој исто така истакна дека сега „дел од територијата на Молдавија е окупирана од Русија“ и како пример за тоа ја посочи, како што рече, „т.н. Придњестровска Молдавска Република“.
– На територијата на Молдавија има автономна област – Гагаузија, чиј Устав изричито предвидува дека во случај ако Молдавија го загуби својот суверенитет, таа има право на самоопределување, додаде тој.
Грибинча потенцира и дека „политичките елити во Молдавија и Бесарабија во 1918, биле сосема различни“. – Многу од оние кои сакале обединување во 1918 година, ги минале царските затвори. Поголемиот дел од оние кои гласале за независност на Молдавија во 1991, ја поминале советската партиска школа. А оние кои денес живеат во Република Молдавија, очигледно носат дел од тој советски багаж и ќе биде многу тешко да го остават, додаде амбасадорот.
Тој исто така истакна дека „за разлика од Бесарабија од 1918, Република Молдавија веќе има 25-годишна историја како независна држава“. – Во тој период, беше создадена не само номенклатурата чија цел е зацврстувањето и овековечувањето на Република Молдавија, туку исто така беше формиран и посебен менталитет. Неколку генерации по ред добија образование како граѓани на независна држава, потенцира Грибинча.
Друг аспект, кој според дипломатот, треба да се земе предвид, е „руската пропаганда која и денес продолжува да работи во Република Молдавија“. Информативното влијание на Москва во Молдавија е „ако не поопасно, тогаш барем точно онолку опасно колку и военото присуство во Приднестровјето“, рече тој.
– Последниот аспект кој треба да се земе предвид кога зборуваме за прагматизмот во политиката, е меѓународната ситуација која е сосема поразлична. Во 1918 година, Бесарабија била регион кој бил отцепен од Руската Империја и кој се уште немал меѓународно признавање. Денес Република Молдавија е призната од сите земји, таа е членка на ОН и на други меѓународни организации. Романија, од своја страна, е дел од истите организации, а освен тоа и членка на НАТО и на ЕУ. Така што Романија не може да донесува надворешно-политички одлуки без да води сметка за својот статус, смета Михај Грибинча.