Могерини: Во април ќе се одржи меѓународна конференција за Сирија

Од:

Европската унија ќе биде домаќин на меѓународната конференција за Сирија, што ќе се одржи на 5 април во Брисел, наведе високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Конференцијата ќе биде организирана во соработка со ОН.

На неа ќе се разгледуваат прашањата за помош за Сирија.

– Оваа конференција треба да ги поддржи Сиријците во Сирија и во соседните земји, но таа исто така треба да го охрабри процесот на преговори под покровителство на ОН и да направи евалуација на регионалните услови, нагласи Могерини.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ