Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини порача по повод 2 Ноември – Меѓународен ден за ставање крај на неказнивоста на злосторства врз новинари, дека демократијата не може да опстане без слободни разновидни и независни медиуми.
Таа ги повика сите земји на ЕУ и надвор од неа да ја исполнат својата обврска и да ги заштитат новинарите и слободата на изразувањето.
– Слободните медиуми се рбетот на слободните општества. Нивното поткопување значи поткупување на нашата сопствена слобода, соопшти Могерини.
Таа оцени дека новинарите и медиумските актери ширум светот треба да инсистираат на тоа државите претставниците на власта, корпорациите и целокупното општество да преземат одговорност за своите потези. Според неа, сепак, голем дел од нив се соочуваат со закани и напади само поради фактот што тие ја работат својата работа, додека сторителите на нападот остануваат неказнети.
– На денешниот ден, кој со Резолуција на Генералното собрание на ОН е прогласен за Меѓународен ден со кој се става крај на неказнувањето на злосторствата против новинарите, одаваме почест на сите новинари ширум светот кој го загубиле животот и претрпеле напади вршејќи ја својата професија. Исто така оддаваме почит на оние храбри новинари, кои ја продолжиле работата на своите колеги кои не се повеќе во можност да ја водат својата истрага, наведува во соопштението Могерини.
Шефицата на ЕУ дипломатијата потсети на убиството на европските истражувачки новинари Дафне Каруана Галиција и Јан Куцјак и оцени дека во светот повеќе нема регион кој е имун на таквите злосторства. Таа повика на темелна истрага и процесуирање на овие злосторства, вклучувајќи го и убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во саудискиот Конзулат во Истанбул.
– Има многу држави во кој постои забранувачка тенденција сузбивање и влошување на просторот за слободно новинарство, често, така што, во прашање се доведува кредибилитетот на медиумите со цел да се дискредитираат и ја заслабнат нивната работа. На новинарите им е потребно опкружување каде што можат да работат безбедно, како на Интернет така и надвор од него, без страв дека ќе бидат малтретирани, без политички притисок, цензура и прогон, порача Могерини.
Шефицата на ЕУ дипломатијата во своето соопштение наведува дека силниот правен систем мора да ги заштити медиумските куќи и новинарите за да можат тие потполно независно да ја извршуваат својата работа.
– Во време кога бројот на дезинформации е во пораст, особено е важно на новинарите да им се гарантира изнесување на точни информации со цел добробит и интерес на сите граѓани, смета Могерини.
Таа најави дека ЕУ ќе продолжи да ги користи сите одговарачки инструменти на својата надворешна политика, како и финансиската поддршка, за да се подобри квалитетот на новинарството, достапноста на јавните информации и слободата на изразувањето.
– Сите земји внатре и надвор од ЕУ имаат обврска да ја заштита слободата на изразувањето и безбедноста на новинарите така што ќе обезбедат правно опкружување кое заканите кон новинарите ќе ги сфати сериозно и енергично ќе ги процесира постоечките напади. Очекуваме да се зајакнат сите превентивни мерки, да се мобилизираат сите актери и да се создаде социјален безбедносен механизам во согласност со ОН Планот за акција за безбедност на новинарите и прашањето за неказнување, заклучи Могерини.