Могерини: Контакт група за Венецуела, но можни се и санкции

Од:

Високата претставничка на Европска унија за надворешни работи и безбедност Федерика Могерини денеска изјави дека ЕУ се согласила да предводи меѓународна контакт група со земјите од Јужна Америка, која ќе се залага за нови избори со цел да се реши политичката криза во Венецуела.

Контакт групата ќе биде составена од претставници од Велика Британија, од Франција, од Германија, од Боливија и од Еквадор.

Могерини истакна дека ако контакт групата во рок од 90 дена не ја заврши работата и не допринесе за очекуваниот напредок тогаш се предвидени економски санкции за владата на претседателот Николас Мадуро.

– Таа тема наското би можела да се најде на состанок на министрите, изјави Могерини во Букурешт по состанокот со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Кризата во Венецуела се повеќе се продлабочува, Врховниот суд му забрани на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател, да ја напушта земјата, а тој повикува на нови протести.

Европскиот Парламент денеска го призна Гуаидо за претседател на Венецуела.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ