Могерини ќе се сретне со претставници на Администрацијата на САД

Од:

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини најави дека оваа недела во Вашингтон ќе се состане со клучните официјални претставници на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Могерини наведе дека со сигурност ќе се сретне со советникот на Трамп за национална безбедност Мајк Флини и со зетот на претседателот и висок советник Џаред Кушнер.

– Главната порака ќе биде да пронајдеме заеднички терен, на кој сакаме да соработуваме, начинот на кој можеме да соработуваме, рече Могерини по завршувањето на сосатанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Таа потенцира дека важни прашања за ЕУ се ефикасни Обединети нации, климатските промени, Либија и Сирија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците