Моди до Зеленски: Индија е подготвена да помогне во напорите за мир во Украина

Од:

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска имаше телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски и ја изрази подготвеноста на неговата земја да помогне во напорите за постигнување мир во Украина, пренесоа британските медиуми.

„Моди ја изрази својата цврста убеденост дека конфликтот не може да се реши по воен пат и увери дека Индија е подготвена да ги поддржи сите мировни напори“, соопшти неговиот кабинет по разговорот.

„Премиерот ја истакна важноста што Индија ја придава на безбедноста на нуклеарните постројки, вклучувајќи ги и оние во Украина“, се додава во коминикето од неговиот кабинет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Џонсон и Моди: Русија мора да се придржува до Повелбата на ОН

А1он

Индискиот премиер Моди е најомилениот светски лидер

Катерина Ѓуровски

Моди вели дека Индија има намера да постигне нула нето емисии во 2070 година

А1он

Индија со 250 милијарди евра пакет за економска помош

А1он

Трамп во Индија кај Моди: Што се очекува двата лидери да договорат?

А1он