Трамп во Индија кај Моди: Што се очекува двата лидери да договорат?

Од:

Лидерот на Индија, Моди непосредно пред доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп, се обидуваше да направи се за да го импресионира гостинот, ги асфалтираше дупките на улиците, се погрижи само за маршутата од каде Трамп треба да минува за време на неговата посета.

Во стилот на неговиот гостин, Моди нарача да биде изграден еден ѕид кој ќе ги покрие сиромашните квартови од очите на светската јавност и да ја прикаже Индија во едно подобро светло, но до тоа не дојде бидејќи револтираните граѓани јавно се пожалија на медиумите кои ја пренесуваат „политичката турнеја“ на американскиот претседател.

Ова е првата официјална посета на актуелниот американски претседател во Индија.

Трамп е повикан да го отвори најголемиот крикет стадион во Индија во присуство на околу 100,000 луѓе, спектакл кој би требало да чини повеќе од 13 милиони американски долари.

Се претпоставува дека посетата доаѓа по лошата економска ситуација во Индија како високата стапка на невработеност.

Посетата на Трамп во Индија се верува дека нема да придонесе негативно во неговата кампања за реизбор, напротив таа би можела да вроди со позитивни критики кај индијците што живеат во САД, бидејќи посетата на Трамп е јавна поддршка за Индија, но и за премиерот Моди.

Нов трговски договор е на повидок помеѓу САД и Индија откако со месеци лидерите на двете земји преговараа. Тоа би можело да биде голема победа за Трамп доколку дојде до такво нешто.

Сегашниот билатерален трговски однос изнесува 160 милијарди американски долари. Доколку се постигне договорот се очекува САД да го врати тарифниот систем спрема Индија кој беше прекинат од Трамп минатата година што би било подобро за двете економии, велат економистите.

Кризата помеѓу Кина и САД негативно ќе влијае и врз индиската економија, но нивното повторно зближување би ја отфрлила Индија од пазарот на конкурентноста.

Во јавноста постои верување дека индискиот премиер Моди би можел да ги ризикува односите со Кина со цел да го придобие Трамп и американската економија. Иден поволен договор меѓу Трамп и Моди би ги нарушил односите на двете земји со Кина.

Новиот извештај на американските медиуми покажа дека на масата ќе бидат ставени и прашањата во врска со одбраната.

На преговорите не е исклучено продажба на американски хеликоптери. Пред посетата на Трамп во Кина, американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на интегративен состав на оружје за воздухопловна одбрана во вредност од 1,8 милијарди долари.

Од одбранбените сили во Индија потврдија дека во изминатиот период не било купувано оружје од САД.

Политичките аналитичари го оценуваат Трамп за трансакциски лидер кој сака да се наметне во геополитичките односи, а се верува дека преку дијалогот со неговите колеги од светот тој добива силна поддршка и ги освојува симпатиите во медиумскиот простор.

Во осум месеци ова е петиот состанок меѓу Трамп и Моди.

Тие се нарекуваат меѓу себе „пријатели“ имаат блиски дипломатски односи и се на чекор да постигнат нов прифатлив договор за двете страни.

Според една анализа на „BBC“, главната цел на посетата на Трамп во Индија е да се добијат политички поени и да се извлече нешто плус од Индија што позитивно ќе послужи за реизбор на актуелниот американски претседател.

Во своето обраќање на отварањето на крикет стадионот, Трамп рече „ќе ги продлабочам билатералните интереси со Моди за да создадеме мирен и просперитетен свет, работејќи заедно ќе направиме нешто добро за двете земји, иако тој е тежок преговарач.“

Би можело да ве интересира

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски

Трамп: Врховниот суд на Аризона отиде предалеку со својата одлука за абортус

„Вашингтон пост“: Трамп би извршил притисок врз Украина да се откаже од Крим и Донбас

Кампањата на Трамп собра рекордни 50,5 милиони долари на вечера со донатори

Трамп очекува да собере 43 милиони долари на донаторската вечера