„Модерна“ најави поголемо производство на вакцини

Од:

Компанијата „Модерна“ најави зголемување на минималното производство на вакцини за 100 милиони дози.

Наместо плановите за производство на најмалку 500 милиони дози вакцини во 2021 година, Модерна најави дека долната граница на производство ќе биде 600 милиони дози.

Со оглед на тоа што на САД им требаат големи количини, компанијата одлучи да инвестира во нови производствени капацитети и да ангажира дополнителна работна сила со цел да произведе и испорача максимум една милијарда дози оваа година.

Досега се испорачани 18 милиони дози во САД како дел од вкупната нарачка од 200 милиони, а компанијата, исто така, потпиша договор со канадската Влада за набавка на 40 милиони дози вакцини.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД