Мнозинството Германци сакаат формирање црно-црвена „голема коалиција“

Од:

Околу 64 проценти од Германците би сакале идната Влада во Берлин да ја формираат Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), покажуваат резулттите од анкетата на Институтот за социолошки истражувања „Инфратест димап“.

Конзервативниот блок на ЦДУ и нејзината сестринска Христијанско социјална унија (ЦСУ) извојува убедлива победа за сојузните парламентарни избори во Германија во неделата, освојувајќи 41,5 проценти од гласовите и за малку не обезбеди апсолутно мнозинство во Бундестагот.

Состојбата се усложни бидејќи досегашниот коалициски партнер на ЦДУ/ЦСУ, либералната Слободна демократска партија (ФДП) не успеа да го мине петпроцентниот изборен праг и првпат во повоената историја на Германија остана надвор од Парламентот. На овој начин ЦДУ доколку сака да остане на власт ќе мора да бара нов коалициски партнер.

Анкетата на „Инфратест димап“ покажува дека речиси две третини од Германците би сакале создавање на т.н. црно-црвена „голема коалиција“ меѓу ЦДУ/ЦСУ и СПД. За разлика од ова, коалиција меѓу ЦДУ/ЦСУ и третата по големина партија во Бундестагот, Зелените поддржуваат само 32 проценти од анкетираните.

Според лидерот на ЦСУ, Хорст Зехофер, неговата партија е против создавање т.н. црно-зелена коалиција, односно соработка меѓу демохристијаните и зелените. Ваквата изјава на Зехофер, како што пренесува ИТАР-ТАСС, значи дека социјалдемократите остануваат единствениот прифатлив коалициски партнер за конзервативниот блок на актуелниот германски канцелар Ангела Меркел.

Согласно германското законодавство, конститутивната седница на новоизбраниот Бундестаг треба да се оддржи најдоцна до 22 октомври, по што би започнала постапка за избор на нова Влада.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија