Мнозинството Американци сметаат дека Трамп треба да биде отповикан пред 20 јануари

Од:

Мнозинството Американци сметаат дека претседателот Доналд Трамп треба да биде отповикан од функцијата пред новоизбраниот претседател Џозеф Бајден да положи заклетва, на 20 јануари, а две третини го сметаат за лично одговорен за насилниот упад во Капитол, се наведува во денеска објавената анкетана Еј-Би-Си њуз и Ипсос.

Според истражувањето на јавното мнение, 56 проценти од граѓаните сметаат дека претседателот треба да биде отстранет од функцијата пред официјалното пренесување на власта, што ќе следи за помалку од две недели, додека 43 проценти од испитаниците велат дека не треба да дојде до тој чекор.

Меѓу оние кои велат дека Трамп не треба веднаш да се смени, речиси половината (45 проценти) сепак сметаат дека неговите постапки од изминатата недела беа погрешни.

Отповикот на актуелниот претседател пред истекот на неговиот мандат ги подели Американците по партиска линија, со 94 проценти од демократите и само 13 проценти од републиканците кои го поддржуваат ваквиот потег.

Мнозинството независни пратеници, 58 проценти, исто така, се за отповик на Трамп.

Според анкетата, 67 проценти од Американците вината за немирите од средата, во кои загинаа пет лица, директно му ја префрлаат на Трамп.

Истражувањето покажа дека 52 проценти од испитаниците веруваат дека тој сноси голема одговорност, додека само 15 проценти навеле дека кај него нема вина.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе отпушти агенти на ФБИ кои ја водена истрагата во Капитол во 2021 година

Полицијата пред Капитол уапси маж кој носел Молотов коктел и нож

Трамп ја помилува за нападот во Капитол, таа го одби: Погрешивме

Трамп ќе ги помилува осудениците кои упаднаа во Капитол во јануари 2021 година

Водачот на нападот на Капитол Хил во 2021 година беше осуден на повеќе од седум години затвор

Бајден го повика Конгресот да донесе закон за финансиска помош за Украина и Газа