Младите во Франција рано стануваат зависници од алкохолот

Од:

Уште пред да појдат во шесто одделение, речиси половина од учениците изјавиле дека се напиле алкохолен пијалок, покажуваат резултатите од студијата на БЕХ (Неделен епидемиолошки билтен), и како што напредуваат во школскиот систем, така и бројот на младите кои конзумираат алкохол се зголемува, јави дописникот на МИА од Париз.

На почетокот на шесто одделение (11-12 години), 59 отсто од учениците изјавиле дека пробале алкохолен пијалок, во прва година гимназија нивниот број достигнува 83 проценти и кај матурантите дури 93 отсто вкусиле алкохолен пијалок.

Ако на почетокот се вкусува шампањско или алкохол од јаболка (сидр), младите како што што одат во погорните одделенија така и започнуваат да пијат редовно. Имено на почетокот само три отсто од испитаните изјавиле дека конзумирале најмалку десет пати во месецот алкохолни пијалоци, но нивниот број достигнува 27 отсто на крајот од средното образование.

Младите како што напредуваат во школскиот систем, така и го менуваат алкохолот, преминувајќи кон потрошувачка на пиво и жестоки пијалоци.

Стидијата исто така открива дека ако во осмо одделени дури 17 отсто од испитаните признале дека биле пијани еднаш во животот, кај матурантите тоа го изјавиле дури 69 отсто од испитаните.

Девојките пијат помалку од машките и добрите ученици помалку од лошите. Средношколците чии родители завршиле високи студии, се почести потрошувачи на алкохол, во споредба со нивните школски другари чии родители се стекнале со пониско образование од завршено средно.

Младите на возраст од 18 до 25 години, продолжуваат повеќе да пијат прекумерно, отколку редовно. Од овој феномен се најпогодени студентите и младите жени. Во двата случаи повторените пијанчења се двапати почести во споредба со студијата од 2005 година.

Во Франција просечната поторшувачка на алкохол кај возрасните (над 15 години) е три чаши дневно. Но ако се знае дека околу една третина од мажите и две третини од жените не пијат редовно, тоа го зголемува просекот на шест чаши дневно.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт