МКС може да се вклучи во случајот со киднапираните нигериски ученички

Од:

Случајот со киднапирањето на повеќе од 200 ученички во Нигерија од страна на групата Боко харам, може да падне под јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд, изјави главната обвинителка на Трибуналот, Фату Бенсуда.

– Ваквите дејствија ја навредуваат совеста на човештвото и може да претставуваат злосторство што потпаѓа во надлежностите на Меѓународниот кривичен суд, изјави таа.

Загрижувачката појава на киднапирање лица од женски пол во период на конфликт, овој пат во нигериската држава Борно, не треба да се толерира и треба да се запре. Не треба да се пренебрегнува ниту една можност за виновниците за ваквите дивеења да се натераат да одговараат за своите дела пред правосудството во Нигерија или во МКС, потенцира обвинителката Бенсуда.

Канцеларијата на обвинителот на МКС уште во 2004 година отвори првична истрага за ситуацијата во Нигерија. Во 2012 година МКС заклучи дека има „разумни основи“ да се смета дека Боко харам (Западното образование е грев) од почетокот на својот вооружен бунт во 2009 година изврщува злосторства против човештвото.

Во принцип МКС може да гони оосмничени извршители на геноцид, на злосторства против човештвото или на воени злосторства, само ако националното правосудство нема желба или е неспособно да преземе истрага или судско гонење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он