Мјанмар почнува да купува руски нафтени деривати и ќе плаќа во рубљи

Од:

Мјанмар почнува да ги користи руските нафтени деривати и е подготвен да ги плати залихите во рубљи, соопшти лидерот на хунтата, генерал Мин Аунг Хлаинг.

Во соопштението на Кремљ се вели дека лидерот на Мјанмар се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Источниот економски самит во руското пристаниште Владивосток на Далечниот Исток.

– Нашите односи се развиваат позитивно, рече Путин за време на средбата.

Второто патување на генерал Мин Аунг Хлаинг во Русија за помалку од два месеци доаѓа додека владејачката војска во Мјанмар се обидува да зајакне еден од ретките дипломатски сојузи во услови на зголемен меѓународен притисок.

Во средината на август, воен портпарол во Мјанмар изјави дека лидерот на хунтата генерал Мин Аунг Хлаинг разговарал за актуелното прашање за снабдување со нафта и гас за време на неговата посета на Русија во јули.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Путин ја претстави замената на доларот – една банкнота за земјите членки на БРИКС

А1он

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск