Митинг за обединување на Романија и Молдавија во Кишињев

Од:

Над 25.000 лица се собраа денеска на митниг за поддршка на иницијативата за обединување на Романија и Молдавија, што се одржа во молдавскиот главен град Кишињев.

Како што јави кишињевската телевизија Про ТВ, демонстрантите кои носеле знамиња и транспаренти се собрале на плоштадот „Големо народно собрание“, од каде се упатиле на прошетка низ улиците на Кишињев, минувајќи пред амбасадите на Русија, Германија, САД и Романија.

Организатори на митингот беа граѓанските здруженија „Млади на Молдавија“ и „Акција 2012“.

Во предвечерието на митингот, молдавските власти го протераа од земјата лидерот наДвижењето за обединување на Романија и Молдавија „Акција 2012“, Ѓорѓе Симион, кој е романски државјанин и му е изрекоа забрана за влез во Молдавија во следните пет години.

Министерството за внатрешни работи на Молдавија соопшти дека Симион е протеран од земјата врз основа на законот кој овозможува „превентивни мерки проив странски државјани, чија активност може да ја загрози националната безбедност“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он