Мит Ромни, кандидат на републиканците за претседател на САД

Од:

Мит Ромни победи на републиканските прелиминарни избори во Тексас Тој има сега доволно гласови за да биде кандидат на републиканците за иден претседател на САД.

Поранешниот гувернер на Масачусетс, освои 71 проценти од гласовите и доби 93-те делагати од Тексас на Републиканската националната конвенција, што ќе се одржи од 27 до 30. август.

Со ова, Ромни и официјално ќе биде избран за претседателски кандидат на републиканците.

Ромни, по соопштување на резултатите, еуфорично го критикуваше преседателот на САД и негов противкандидат на изборите во ноември, Барак Обама.

Рече дека е загрижен за состојбата на американската економија.

Инаку Ромни, е бизнисмен и поранешниот гувернер на Масачусетс. Тој самиот, во најголем дел си ја плати кампањата, и обезбеди најмногу средства за својата кампања од сите републикански претенденти за претседателската кандидатура.

Неговите против кандидати го обвинија дека со парите со кои располага може единствено да се мери само со демократскиот кандидат за претседател Обама.

Би можело да ве интересира

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво