Паркот Жорж Брасанс кој се наоѓа во XV-от париски арондисман, се покажува дека е опасен за куќињата. Така барем мислат повеќе нивни сопственицим откако нивните кучиња пцовисаа по прошетката во паркот, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Досега сопствениците пријавиле смрт на три нивни домашни миленици, кои по прошетката во паркот биле жртви на грчеви, проследена со брза смрт. Инаку во овој парк во Париз, прошетката на кучињата е дозволена само во една алеа, затоа стравот на сопствениците дека некој има фрлено отров во тој дел од паркот.
Еден од сопствениците ќе поднесе жалба против непознат сторител по анализата на неговото мртво куче. Од своја страна, од градските паркови на Париз тврдат дека тие не користат никаков токсичен производ во паркот. Ако кучињата голтнале нешто, тоа нема никаква врска со нив, велат од парковите. Според весникот Паризиен, градските власти на Париз, ќе спроведат детална инспекција на паркот за да ги осигураат сопствениците на кучиња.