Италијанецот Клаудио Трента предизвика дебата во својата земја откако реши да ја поправи дупката поради која беше казнет.
72-годишен пензионер вети дека ќе се бори против неправдата откако беше казнет со речиси 900 евра за поправање дупка.
Изнервиран од локалната власт што не ја поправи дупката со дијаметар од 30 сантиметри на пешачки премин во Барласина, гратче во Ломбардија, Трента реши самиот да ја наполни дупката со ладен битумен.
Поради тоа, тој беше казнет со 882 евра, но неговиот случај предизвика општа дебата во Италија за проблемот со дупките.
Трента на Фејсбук сподели фотографија од писмото кое го добил од полицијата во кое го обвинуваат за кршење на сообраќајните прописи. Тој е казнет поради вршење потенцијално опасна работа на јавен простор без дозвола.
За целата ситуација да биде уште побизарна, добил наредба да ја врати дупката во претходната состојба.
„Ако мислат дека сум идиот, грешат. Ме испровоцираа, а сега поднесувам противтужба против градскиот совет поради небрежност“, изјави пензионерот за весникот „Кориере дела сера“.
Трента, кој постојано го информирал градскиот совет за дупката во текот на претходните три месеци, доби огромна поддршка низ цела Италија.
„Испратив протестно писмо до градскиот совет во Барласна. Свесен сум за реалноста во Калабрија и Сицилија, каде улиците се дупчат како сито и се се распаѓа ако граѓаните не направат нешто“, гласи еден од коментарите, додека друг вели: „Градскиот совет да ги врати парите. потрошивте на битумен“.
А во дебатата се вклучија и високи функционери, како потсекретарот во Министерството за култура.
Покрај правилата на патот, постои и здрав разум, за што полицијата треба да му се заблагодари на господинот“, изјави Виторио Згарби.