Мисисипи го отстрани симболот на Конфедерацијата од државното знаме

Од:

Со потпис на гувернерот, американска сојузна држава Мисисипи го отстрани симболот на Конфедерацијата од своето знаме. Мисисипи беше последната американска држава чие знаме се уште го содржеше тој амблем, кој се смета за симбол на расизмот, јавува Гласот на Америка.

Републиканскиот гувернер, Тејт Ривс, вчера го потпиша историскиот закон со кој веднаш се укинува официјалниот статус на знамето, кое со генерации е извор на поделби.

– За мене, ова не е политички момент, туку сериозна и важна можност нашето семејство да се собере во Мисисипи, да се помири и да продолжи понатаму, рече Ривс пред да го потпише законот.

Мисисипи беше под голем притисок да го смени знамето откако протестите против расната нееднаквост во последните неколку недели го привлекоа вниманието кон симболите на Конфедерацијата.

Државното собрание во неделата усвои закон за промена на знамето, по емотивна расправа за време на викендот и децениските напори на афроамериканските законодавци и други граѓани, кои го сметаа амблемот на Југот од Граѓанската војна за симбол на омраза и расизмот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски