Мисијата за лансирање на сателитите Галилео не успеа поради замрзнување на горивото

Од:

Причините за неуспехот на лансирањето, поточно за ставањето во орбита на двата сателити од европскиот систем за навигација „Галилео“ се познати – замрзнување на горивото во еден од деловите на руската ракета Сојуз, поточно – Фрегат, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Доводот низ кој протекува горивото бил во контакт со доводот во кој се доведувал хелиумот со многу ниска температура, и контактот меѓу нив довел до замрзнување на горивото.

Се работи за грешка при концепцијата на системот, која треба да се поправи. Тоа е заклучокот на незвисната исражна комисија, сосатвена веднаш по неуспехот на ставањето во орбита. Позицијата на комисијата се очекуваше со големо внимание со оглед дека имаше две тези за неуспехот, првата за обичен инцидент, додека втората за намерно предизвикан инцидент – саботажа или недостиг на квалитет за да се оправда неуспешното лансирање.

Сателитите требаше да им дозволат на Европјаните да станат автономни наспроти Американците во областа на навигацијата.

Лансирањето беше на 22 август во 14 часот  од францускиот вселенски центар Куру во Гвијана, и помина според предвиденото. По три часови лет, ракетата Сојуз ги стави првите операционални сателити. Но, подоцна од центарот во Дармштад во Германија на Европската вселенска агенција, доаѓаа информации дека двата сателити имаат проблем со развивањето на нивните соларни паноа, односно на секој од сателитите едно од паноата не се отвора.

Европскиот центар исто така констатира дека податоците пренесени од Москва не се исти со тие кои доаѓаат од сателитите. Односно орбитата не е таа која е назначена. Најпрво се сметаше дека има грешка во пресметките. Но, по проверките се дознава дека сателитите не се наоѓаат на предвидената орбита. На почетокот Русите сакаат да ја префрлат одговорноста врз проблемот со губење на горивото на сателитите, како и можен судир со всленски отпад.  Имено сатлитите не се на  23.000 километри над земјата, како што беше предвидено, туку на 17.000 километри.

Независноста истражна комисија заклучува дека проблемот доаѓа од доводите за гориво кои се допираат, проблем кој не бил виден во шемата за монтажа, која не била доволно ригорозна. Имено секоја четврта фрегата произведувана во Лавушкин во Москва го има истиот проблем. Но ова е прв пат да се случи тој проблем да доведе до неуспех.

Во случајот на Галилео проблемот со замрзнувањето предизвика други пробеми кои доведоа до доставување на неточни податоци за вистинската позиција на сателитите, односно доаѓаа податоци, како да се е во ред. Руската истражна комисија ја заврши работата порано од европската, нејзините заклучоци се исти како и на нивните колеги од европската. Поправките на последниот „спрат“ од Сојуз се во тек и наскоро се очекува реприза на лансирањето.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ