Мисијата на ОН ги повика властите во Мали да закажат избори во февруари

Од:

Мисијата на Советот за безбедност на Обединетите нации ги повика властите во Мали да закажат избори за февруари со цел да се спроведат договорите постигнати со земјите од Западноафриканската унија по минатогодишниот пуч.

За време на посетата на Мали за проценка на безбедносната ситуација, изминатиот викенд членовите на мисијата на ОН, предводени од кенискиот амбасадор во ОН, Мартин Кимани, се сретнаа со привремениот премиер и претседателот на Мали, претставници на граѓанското општество и групи кои го потпишаа мировниот договор.

Кимани денеска изјави дека повеќето граѓани на Мали сакаат политички и институционални реформи.

-Сега го чекаме крајот на преодниот рок што треба да доведе до организирање на изборите, рече Кимани.

Властите во Мали, меѓутоа, по средбите со членовите на мисијата на Советот за безбедност на ОН, изјавија дека во декември сакаат да организираат неколкудневни консултации меѓу различните групи за да го одредат патот до изборите.

Во август 2020 година, актуелниот привремен претседател на Мали, полковник Асими Гоита, го собори демократски избраниот шеф на државата, Ибрахим Бубакар Кеита. Гоита подоцна се согласи на преодна влада, предводена од цивилен претседател, но во мај ги собори и цивилните лидери, кога тие најавија реконструкција на владата и сменија двајца поддржувачи на воената хунта без да се консултираат со него.

По пучот, Гоита во јуни положи заклетва како привремен претседател на Мали и притоа вети дека ќе овозможи враќање на цивилната влада во земјата по изборите во февруари 2022 година.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска