Мишел ќе се сретне со Борис Џонсон во Њујорк

Од:

Идниот претседател на Европскиот Совет, Шарл Мишел, денеска во Њујорк ќе оствари средба со британскиот премиер, Борис Џонсон.

Мишел учествува на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк во својство на премиер на Белгија во заминување, од први ноември тој ќе ја преземе функцијата претседател на Европскиот Совет, на местото на Доналд Туск.

Средбата со Џонсон е потврдена во последен момент синоќа, но двајцата премиери нема да даваат изјави за медиумите, ниту да ја коментираат средбата отпосле, најавија прес службите на Мишел.

Средбата доаѓа неколку дена откако британската страна испрати документи до Европската Комисија во кои се разгледуваат алтернативни решенија за Брегзит и прашањето со внатрешната ирска граница.

Обединетото Кралство треба да истапи од ЕУ на 31 октомври, Џонсон предупреди дека нема да прифати ново одлагање на рокот.

Би можело да ве интересира

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски