„Мирор“: Личната асистентка на папата Франциско е пронајдена мртва

Од:

Личната асистентка на папата Франциско, 34-годишната Миријам Валоу е пронајдена мртва во својот стан во предградие на Рим, објави лондонскиот весник „Мирор“.

Миријам, која е од еритрејско потекло, била во седми месец од бременост и повеќе години работела во гостинската куќа Санта Марта како рецепционерка на папата и другите бискупи и кардинали кои таму престојувале.

Американскиот портал „Дејли Бист“ јавува дека полицијата ја разгледува теоријата дека во случајот е вмешан сопругот на Миријам за кого постои сомнеж дека се оженил со неа за да може таа да добие државјанство.

Миријам страдала од тежок вид на дијабетес, поради што нејзината бременост се сметала за високо ризична.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска