Минската група на ОБСЕ најостро го осуди насилството во Нагорно-Карабах

Од:

Шефовите на дипломатиите на земјите претседавачи со Минската група на ОБСЕ синоќа остро ја осудија ескалацијата на насилството во и надвор од зоната на Нагорно Карабах.

Сергеј Лавров, Жан Ив Ле Дријан и Мајкл Помпео, во заедничкото соопштение потенцираат дека неодамнешните напади, во кои целите беа цивилни центри, и по должината на фронтот, но и на територијата на Азербејџан и на Ерменија надвор од зоната на конфликтот во Нагорно Карабах, и неразумната природа на ваквите напади, бесусловно претставуваат неприфатлива закана за стабилноста на регионот.

Во изјавата од групата, која потсетува на изјавата на тројцата копретседатели на шефовите на држави на групата министри на ОБСЕ од 1 октомври, министрите го повторија повикот кон двете завојувани страни да прифатат итен и безусловен прекин на огнот.

Од соопштението се гледа дека земјите-копретседавачи се решени целосно да го спроведат својот мандат, што им го доверија ОБСЕ и меѓународната заедница, со придонес на главните градови на Минската група.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“