Министрите за надворешни работи на САД и Јужна Кореја ќе разговараат за нуклеарната закана од Северна Кореја

Од:

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Јуи Бјунг-се следната недела ќе се сретнат во Германија, јави ТАСС.

Разговорите ќе се одржат на 16 или на 17 февруари на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г-20.

Планирано е на средбата да бидат разгледани заеднички мерки против севернокорејската нуклеарна закана, изјави претставник на јужнокорејското Министерство за надворешни работи.

Во телефонскиот разговор на 7 февруари двајцата министри се договорија дека САД и Јужна Кореја тесно ќе соработуваат за спречување на севернокорејските нуклеарни амбиции.

Тие ја потенцираа и важноста од зајакнување на надворешно политичкиот притисок врз Пјонгјанг.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја