Министрите во партијата на Берлускони поднесоа оставка

Од:

Министрите од партијата Народ на слободата (НС) на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска поднесоа оставка, соопшти портпаролот на вицепремиерот и раководител на НС Анџелино Алфано.

Според нив ултиматумот на премиерот Енрико Лета е „неприфатлив“.

Лета вчера нареди замрзнување на сите одлуки непосредно пред гласањето доверба на владата во Парламентот.

Тој, исто така, побара од пратениците на партијата од десниот центар НС да се изјаснат пред парламентот за поддршката неговата коалициска влада, што според портпаролот на НС е неприфатливо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале