Министрите од еврозоната постигнаа договор за помошта за Грција

Од:

Министрите за финансии од еврозоната рано утринава постигнаа договор што на Грција ќе и дозволи пристап до нова транша од спасувачката финансиска помош, информираа дипломати.

Деталите за договорот, до кој се дојде по 11-часовни тензични преговори во Брисел, не беа веднаш соопштени, но тој во себе го вклучи напредокот за особено деликатното прашање за олеснување на грчкиот долг, забележа ДПА.

– Министрите се договорија со Грција и Меѓународниот монетарен фонд за спогодба што ќе одговори на молбите на Атина за олеснување на долгот, информира францускиот министер за финансии Мишел Сапен.

– Оваа спогодба е акт на доверба кон денешна Грција, рече тој пред репортерите во Брисел во раните утрински часови.

Сапен, меѓутоа,  не откри детали од спогодбата, но подвлече дека таа е сеопфатна и вклучува краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки. 

И Јерун Дејселблум, претседателот на Еврогрупата, ја потврди намерата да се реструктурира дел од грчкиот долг, јави ТАСС.

Според него, Еврогрупата ја потврди својата намера да спроведе реструктурирање на дел од грчкиот долг. Еврогрупата се спогоди да го оцени нивото на одржливост на долгот врз основа на основното сценарио, во кое потребите на Грција за финансиска помош ќе претставуваат до 20 проценти од нејзиното БДП по завршувањето на програмата за макрофинансиска помош (во 2018 година.).

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано